Програма 2020

 
СКОПСКИ ЕВЕРГРИНИ

Музички концерт 

Настапуваат: Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Мики Јовановски - Џафер, Дарио, Силви бенд, Јаков Дренковски, Фиц - Студени Нозе и младите и надежни музички имиња Дупер, Леана Таќи и многу други.

 

Концерт кој е посветен на песните кои успеале да ја обединат скопската публика, да ги спојат сите култури и суб-култури и подеднакво да ги пеат сите генерации од најмлади до најстари.

 

Концертот ќе биде придружуван од Баге Биг Бендот со 20 музичари под диригентска палка на Љупчо Мирковски.

 

Добра прилика да се види како Скопје може да изгледа и звучи светски со македонската музика како главен фокус.
 

@СРЦ Борис Трајковски 

20.00

 
Ние сме Скопје!

Музички концерт

Настапуваат: ПМГ Колектив, Сетстат, Барум Барум, Галатеа, Роботек, Видиновски, Кантон6, Александар Велики, Искра, Светлост.

Музички концерт на кој ќе се промовира рецентната, квалитетна и современа музика создадена во нашата земја од алтернативен карактер и широка лепеза стилови, од електронска, преку рок и секако џез.

@плато Младински културен центар МКЦ

18.00

*слободен влез 
**подигање влезници на билетарницата на МКЦ

 
Мултимедијален проект

ретроспективна изложба во чест на Димитар Младеновски (1970-2007) 2020 година

Мултимедијален проект (поезија, музика, изложба) – ретроспективна изложба, посветена на ликот и делото на прерано починатиот ликовен уметник Димитар Младеновски, мини-музички настап на неговиот брат Петар Младеновски (од групата Суперхикс) заедно со Брејкдаун Бенд и читање поезија напишан од Димитар, во рецитал на актерката Елизабета К. Младеновска.

@МКЦ Галерија

20.00

п0вт0рн0 на 0

изложба, презентација на книга и проекција на алпинистката и академска сликарка Илина Арсова.

“Враќањето од Антарктикот на самиот почеток од годината и завршувањето на мисијата 7 врвови на 7 континенти, го доживеав како огромно олеснување, истовремено како високо  креативна храна за ликовното творештво. Сликарството прочистено од боја и форма,  го заокружи циклусот, враќајќи се до почетната точка на скица и цртеж. Ликовниот израз во последните години доби нови димензии преку нови современи практики. Како најсвеж концепт го заокружувам и  перформансот НУЛА (ZERO), каде уметникот се претопи во ликовното дело, начнувајќи нови, подлабоки теми на истражување. Токму перформансот НУЛА (ZERO), на некој начин го повика, или предвиде новиот почеток, каде светот сериозно треба да размисли во која насока треба да го насочи својот нов почеток.” – Илина Арсова

@Галерија МКЦ

20:00 часот

 
ПАЗАР'т
кој се плаши од невидливата рака, ноќе?

Изложба

Групна изложба на 15 домашни автори, од различни ликовни изрази чија идеја е да го преиспита односот помеѓу специфичниот простор на пазарот, како конкретно дефинирана локација каде се одвиваат бројни трансакции со основните производи, и уметничкиот свет во кои асоцијациите на пазарот, и тргувањето, обично се доведуваат во негативна конотација.

Одбирајќи ја оваа локација, специфичната мрежа од тезги и коридори што имаат сугестивен потенцијал, на изложбата ќе бидат претставени 15 уметници кои на различни начини, во зависност од своите афинитети и творечки преокупации.

Куратор: Владимир Јанчевски

Учесници: Ненад Тонкин, Филип Велковски, Кристина Божуровска, Владимир Лукаш, Иван Ивановски, Доротеј Нешовски, Дарко Алексовски, Симона Манчева, Ивана Самандова, Ангела Савевска, Владимир Милиќ – Балдо и Душан Стефановски

@Зелен пазар

20.00 - полноќ

 
НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!

театарска претстава

Претставата „НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!“ е авторски текст на актерите и режисерот инспириран по текст на Армуш Бериша Бели. Оваа театарска комедија е можност за љубителите на уметноста и театарот (низ многу смеа и позитивни вибрации) да ја согледаат сликата за луѓето во “градот”.

Инспирацијата актерите ја црпат од секојдневието кое го живеат, сведочат и од себе го вадат тоа што го сакаат за ликовите. Сите ликови носат своја комплексност за илузиите и стравовите на ова време. Станува збор за современа тематика за која денес слободно може да кажеме дека е модерна.

 

Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, кореографијата на Ирена Лозинска, сценографија на Мартин Манев, а играат актерите Давид Илиќ, Бобан Алексоски и Надица Петрова.

 

 



@парк Ибни Пајко

19.00

 
ГА__2m__ЛЕБ
(според „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов)

театарска претстава

Испитна претстава на студентите по Актерска игра од втора година, во класата на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески. Учесници: Анастасија Величковиќ, Јана Вељановска, Мартин Ѓоргоски, Ања Митиќ, Леонардо Лазов, Виктор Мирчески, Стефан Николовски, Нела Павловска, Сара Спироска и Лазар Христов.

Претставата започнува лабараториски, како еден вид презентација на методот по кој се работи (биомеханички вежби – работа со стапови топчиња, удар на шлаканица, лак и стрела), а потоа преминува во колективна сцена, со која започнува “Галеб”. Тоа е приказна од неостварени соништа, за промашените животи, за невозвратените љубови. И, како во секоја драма на Чехов, така и овде, неизоставен е аспектот на животот на провинција, наспроти оној во големите и динамични градови.

@парк Ибни Пајко

20.30

 
ЗУЛУ 3.4

концерт - современ џез

Зулу 3.4 е е инструментален бенд oд Скопје, фoрмиран вo март 2018 гoдина, oд страна на

трoјца прoфесиoнални џез музичари, чија цел е преку фузија на различни стилoви, вклучувајќи џез/драм’н’бејс и поп музика да сoздадат уникатен звук и да внесат свежина на македoнската музичка сцена.

 

Бендoт се сoстoи oд три члена: Дамјан Даневски (тапани), Мариo Симoнoвски (гитара) и Мартин Џoрлев (клавијатури).

@парк Ибни Пајко

22:00 часот

 
КАБАДАЈАС

концерт - современ џез

Кабадајас е група составена од тројца професионални музичари, кои преку овој состав ги 
искажуваат своите музички афинитети и авторски размислувања. Инспирацијата за своите композиции ја земаат од модерните текови на светската музичка сцена, традиционалните

мелодични и ритмички изрази на македонската музика како и од големото концертно искуство кое ги имаат како поединци на голем број европски и светски музички збиднувања, фестивали,

концерти итн. Кабадајас има позади себе два студиски албуми.

 

Членови на овој состав се Џоле

Максимовски – бас гитара, Дејан (Дино) Милосављевиќ – тапани и Зоран Костадиновски –гитара.

@парк Ибни Пајко

23.00

 
Food art Performance &
Graphic lighted prints

перформанс

FOOD ART PERFORMANSCE - Нела Тодоровска ќе изведе цртање на светлосна плотна со јадливи преливи во боја и десерти, на светлечка плотна на Боттега Евенти.

GRAPHIC LIGHTED PRINTS - Горан Јованов, ликовен уметник и графички дизајнер со свои принтови и исечоци од графики ќе ги брендира светлосните тотеми на Боттега Евенти.

Артистите ќе се претстават во контекст кој не е во функција на дејноста која тие ја претставуваат, туку ќе го изразат својот уметнички порив во друга област.

@парк Ибни Пајко

22.00

 
Градот Убав

мултидимензионален перформанс

Сплотува поезија, музика и уметност во едно. Поетскиот перформанс ќе биде придружен со изведба на пијано и изложба на мурали кои ќе бидат дел од стиховите на поетскиот перформанс. Тимот е составен од млади креативци: Горазд Кени (26 одишен визионер, претприемач и поет од Скопје), Андреј Павлов (уметник и графички дизајнер) и Филип Димишковски (пијанист).

@Музеј на современа уметност
20.30

 
Боите во ноќта

музичко - драмски перформанс

Поезијата на Шарл Бодлер во изведба на Ивана Павлаковиќ и пијано придружба на Ема Попивода

Музичко - драмски перформанс на актерката Ивана Павлаковиќ, во придружба на пијанистката Ема Попивода. На овој сценски настап ќе се изведат поемите на Шарл Бодлер, чија изведба ќе биде придружувана со музика на пијано. Како дел од овој перформанс е и светлото на сцената кое ќе се промени во неколку бои кои ќе го отсликуваат расположението и атмосферата на текстотот и музиката кои ќе се изведуваат. Менувајќи ги светлосните бои: жолта, црвена, зелена, сина, крајот ја донесува и  белата боја, во духот на манифестацијата „Бела ноќ“.

@Музеј на современа уметност 

21.00

 
УРБАНА СИМБИОЗА

концерт

Музичкиот состав “ТРИНИТИ СТРИНГС” го изведува вокално-инструменталниот дел со мелодични теми и хармонии што ја надополнуваат основната матрица која е во електронски музички жанр.

 

1ва виолина, диџеј: Иреана Стојановска, 2ра виолина: Александра Мирсинова, вокал и виолочнело: Марта Куч.

@Музеј на современа уметност

22.30

 
Друштво на ликовните уметници на Македонија

групна изложба 

 

Друштво на ликовните Уметници на Македонија – ДЛУМ подготвува изложба на која учество ќе земат 4 млади уметници со 4 одделни инсталации:

„Симболи“ - Ана Трајковска                                

"The forest is on fire 3" - Ива Станковска    

„Горни и долни усни" - Валент ина Илиевска  

"Ciao Bella" - Ангел Миов 

 

@зелен кров на ГТЦ
20.00 - полноќ

 
AVP Project

концерт

Антониe Весковски – AVP Project - е најновиот соло проект (“one man show“) претставен преку live looping техники и изведба на повеќе иснтрументи.

Со овој проект тој го претставува својот комплетен артистички израз како што и применува една нова форма на музичко изразување со што слободно и отворено ја изведува неговата музика. Како главно средство во овој проект  тој ги користи инструментите Вибрафон и Маримба, а исто така застапува  перкусии, пиано, бас и гитара.

@зелен кров на ГТЦ

20.00

 
ДУО Кларинети
Ѓоревски - Бакревски

концерт

 

Камерен концерт со класичка музика, кој ќе опфати познати дела од светската класична литература и македонски дела, компонирани на теми од македонскиот фолклор.

@зелен кров на ГТЦ

21.00

 
ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ

поетско читање

на новата генерација современи македонски поети:

Снежана Стојчевска, Славица П. Диневска, Љубица Шопова, Долорес Атанасова - Лори, Биљана Стојановска, Митко Апостолов, Катерина Гогова, Иле Наумов, Слаѓана Бојанова, Лазар Попов

@библиотека Браќа Миладиновци

20.00

URBAN SNAKE Experience 1.0

19:00 - полноќ, crowdfunding настан

@MELEEM, URBAN SNAKE Experience 1.0

- Запознајте се со проектот URBAN SNAKE - урбана интервенција за студентскиот дом Гоце Делчев.

- Доживејте дел од изработената урбана опрема /коцка за лулање.

- Поддржете го овој овој проект со купување на маица/торба/чаша.

19:00 - 21:30 КИНО НА ОТВОРЕНО

"COMMA" - Сезер Салихи

"The Children Will Come" - Ана Јакимска

"Tooth" - Ајдин Ислами

"The Award" - Лидија Мојсовска

"Audition Material" - Ѓорче Ставрески

"Skopje Lovers" - Ѓорче Ставрески

"Avec L'amour" - Илија Цветковски

21:30 - полноќ, Dj MAWRTEEN / NEOSOUL - R&B - HIP-HOP

@Архитектонски факултет

19.00

ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА

Филмска проекција на филмовите:

       - Лејдиб’рд, во режија на Грета Гервиг

       - Американската историја Икс, во режија на Тони Кеј.

@кров на Дом на култура Кочо Рацин

20.30

40 години уметничка дејност на Славица Петровска Галиќ

оперски концерт

Оперски концерт на првенката, сопранот Славица Петровска Галиќ, со гости солисти, нејзини студенти низ годините.

 

Покрај Славица Петровска Галиќ ќе настапат и Наде Талевска Спасовска, Влатко Груевски, Васко Здравков, Злата Тошевска, Билјана Јосифов, Бесијана Мехмети, Фиола Исеими, Девана Ѓорѓиевска, Мартина Аврамовска, Ана Ројдева и Марија Наумовска.Влезот за публиката ќе биде отворен во 20:30 часот, настанот почнува во 21 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, плато на Национална опера и балет.

Андреја Наунов – пијано.

@плато Национална опера и балет

21.00

Инсталација

светлосна инсталација

Делото е изведено во форма на светлосна инсталација на отворен простор. Формата и големината на најлоните кои што ќе го опфаќаат просторот со ограничен извор на светлина, ќе воспостават еден драматичен и кинографски израз на визуелизација на форма, боја, техника и ракопис од авторката Ана Трајковска и Андреј Ѓеоргиевски.

@парк Ибни Пајко

19:00 - полноќ

Инсталација

Уметничката инсталација на авторот Перо Кованацалиев е составане од шест кинетички објекти прикриени со еднобојни текстилни материјали кои се придвижуваат и  претставена аналогија на општествениот систем кој ни остава зад себе само визуелни вибрации од површински бранувања и треперења на површината, кои исто така не ни откриваат ништо повеќе од тоа што се.

 

Овие површинси бранувања потсетуваат на бранувањата во природата кои ги среќаваме во речните, езерските или морските водени површини, ветрот во дрвјата и ливадите итн. Но истите може да се доживеат како живи суштества скриени под платното кои весело играат или пак залудно го бараат излезот.

@парк Ибни Пајко

19.00 - полноќ

Универзална Сала 1000, Скопје

26. СЕПТЕМВРИ 2020 СКОПЈЕ

© 2020 BELA NOЌ

  • Grey Facebook Icon